Куманово го пречекува поранешниот тренер во првиот натпревар од Суперлигата
Кошаркарите на Куманово ги започнуваат натпреварите од Суперлигата на домашен терен против екипата на Кожув. Натпреварот се игра во сабота во 19 часот.

Поранешниот тренер на Куманово, Игор Михајловски во оваа година два пати триумфираше над поранешниот клуб. Во краток временски период првин забележи победа во БИБЛ лигата со резултат 89-71, а втор пат во домашното првенство со сличен резултат 80-69.
По тие натпревари Куманово забележа битни победи на двата фронта и се пласираше директно во БИБЛ лигата.
Секоја победа во Суперлигата е битна за конечниот исход, и нема право на грешка, така да со сигурност не очекува бескомпромисен натпревар помеѓу овие две екипи.
Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот.