Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во салата Борис Трајковски ќе имаат шанса да се доближат на еден пораз разлика против големиот ривал, Карпош Соколи.
Изминатите две сезони Куманово нема победа против тимот на Соколи на гостински терен. Најблиску беа на минатогодишниот натпревар во Суперлигата кога загубија со резултат 98-95. Победа на овој натпревар носи и додатна психолошка предност кога е во прашање борбата за втората позиција на табелата.
Куманово одигра четири натпревари оваа година и сеуште нема пораз. Тимот на Тодоровиќ игра одлично и на домашен и на гостински терен, така да сигурно дека најголеми шанси за прекинување на црната серија на гостувања против Соколи ја имаат утре.
Натпреварот се игра во недела во 20 часот во СЦ Борис Трајковски.