Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После пласманот во финалето на БИБЛ лигата, кошаркарите на Куманово ги очекува тежок наптревар во Супер-лигата, каде што ќе и гостуваат на екипата на Фени Индустри.
Тимот од Кавадарци сеуште нема забележано победа во Супер-лигата, иако по пласманот во финалето од Купот на Македонија се наметнаа како главни кандидати за спротиставување на македонските АБА лигаши. Можеби за моменталната состојба на Фени се должи и тоа што тие веќе ги одиграа првите натпревари со главните фаворити за титулата оваа сезона.
Куманово одигра тежок натпревар пред неколку дена што сигурно ќе се одрази на кратката ротација на тимот, а тимот на Фени сигурно ќе е додатно мотивиран бидејки минатото коло забележаа за нив неочекуван пораз од Кожув.
Натпреварот започнува во 18 часот и се игра во салата Јасмин во Гевгелија.