Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска во 19 часот играат против тимот на Кожув. Ова ќе биде вистински тест за новиот тренер на Куманово оваа сезона.
Салата 26-ти Април сигурно дека ќе предизвика лоши сеќавања кај кошаркарите на Куманово. Иако оваа сезона се исполнија сите предуслови за да одиграат финале во Купот, сепак тие разочараа со својот настап. Првиот натпревар против Работнички го добија ја индивидуален квалитет, а вториот против Соколи го загубија.
По тоа следуваше промена на тренерската позиција, и Марјан Србиновски после дебито со Струмица ќе има задача да ја забележи десеттата победа во низа. Вистински тест за тоа дали тимот е консолидиран ќе биде и реконструираниот Кожув, кој се бори за подобра позиција на табелата која ќе донесе полесен противник. И Кожув имаше турбулентна зимска пауза која резултираше со нова управа, нови кошаркари и нов тренер. Марјан Илиевски ќе има тешка задача да го стигне Фени Индустри на табелата и да го завземе четвртото место кое би носело предност на домашен терен во Плеј-оф против екипата од Кавадарци.
Натпреварот Кожув - Куманово започнува во 19 часот.