Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на КК Куманово во 4.коло му гостува на тимот на Струмица. Бал фор Лајф во салата на Економското училиште го пречекува МЗТ Скопје.
Куманово засега има една победа и два пораза во домашното првенство, меѓутоа слободно може да се каже дека имаа потежок распоред во кој од фаворитите останаа само натреварите со МЗТ Скопје и можеби Гостивар кој има одличен старт на сезоната. Иако забележаа 4 порази во сите натпреварувања, сепак Куманово ги намачи сите фаворити во дуелите, па веројатно квалитетот е на нивна страна во однос на струмичани.
Струмица сеуште чека на првата победа во сезоната, иако и тие одиграа до Карпош Соколи, МЗТ Скопје и АВ Охрид.
Натпреварот Струмица - Куманово се игра во недела во 18:30.
Екипата на Бал фор Лајф го играат вторниот натпревар на домашен терен оваа сезона, а противник ќе бидне ланскиот третолигаш МЗТ Скопје. Двата состава одлично се познаваат, а кумановскиот состав ќе се обиде да ја оствари првата победа во Второлигашката конкуренција. Овој натпревар ќе се одигра во недела во салата на Економското училиште со почеток во 14 часот.