Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово вечерва во 19 часот ја пречекуваат екипата на Карпош Соколи во натпревар по кој или финалистот ќе се решава во петтиот натпревар или Соколи ќе обезбедат место во финалето.
Куманово очигледно има огромни проблеми во оваа серија со тимот од Карпош. Кумановчани шутираат триесет тројки по натпревар, а само во првиот натпревар имаат над 30% успешност. Веројатно тука е уморот кај играчите каде што ротираат осум кошаркари. Клучот на победата на Куманово на вториот натпревар е одличната одбрана над Марко Болтиќ кој постигна само осум поени на тој натпревар.
Ниту Карпош Соколи не можат да се пофалат со голема ротација меѓутоа тие подобро ги одиграа сите натпревари до сега. На минатото гостување те водеа во последната минута, имаа шут за изедначување на резултатот и делуваат помотивирано во оваа серија. Можеби тука доаѓа предноста која ја имаа како второпласирана екипа и што не играа четвртфинале.
Како и да е, Куманово денеска игра пред домашна публика и тоа секогаш дава нов каратер на тимот, и сигурно е дека кумановската публика очекува победа на денешниот меч. Од друга страна, Карпош Соколи доколку се смета за екипа која заслужува финале тие мора да прикажат одлична игра и да се обидата да ја завршат серијата во Куманово.
Во секој случај не очекува одличен натпревар кој започнува во 19 часот, во Спорткската сала во Куманово со пренос на МРТ.