×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово испадна од Купот

    21.02.2016 11:40 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово загубија во полуфиналето од Купот на Македонија од тимот на Карпош Соколи со резултат 71-69.

    Куманово испадна од Купот

    Соколи се покажаа како незгоден противник за Куманово и успејаа да се реваншираат за поразот во домашното првенство. Куманово замина со водство од три поени по првите две четвртини, меѓутоа не успејаа да продолжат во ист ритам по паузата за полувреме. Карпош Соколи го превзеде водството и направи максимални 14 поени предност до средината на четвртата четвртина. Тимот на Тодоровиќ доцна се разбуди, кога со неколку тројки и успеја да ја намали предноста до само еден поен негатива, меѓутоа не успеја да го преврти натпреварот и да забележи победа, со што ја прекина серијата од 9 победи по ред во сите натпреварувања.

    Бојан Трајковски беше најефикасен со 23 поени и 11 скока. Кај Соколи, Душан Кнежевиќ и Мајкл Снар постигнаа 15 поени.

    Во вториот натпревар, МЗТ Скопје не дозволи изненадување како минатата сезона и го победи тимот на Кожув со резултат 72-62.

    Финалето на Купот се игра денеска од 19:30 меѓу екипите на МЗТ Скопје и Карпош Соколи.

    Фото (basketball.org.mk)