Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во вториот четвртфинален натпревар против екипата на Работнички од Скопје.
Тимот од Градски парк не успеа да направи ново изненадување иако по играта во првиото полувреме, покажа дека е способен за тоа. Куманово во средината на третиот период успеја да поведе и да ја сочува двоцифрената разлика. На крајот двете екипи приредија шуерско шоу, со неколку по ред постигнати тројки, па конечен резултат на мечот беше 60-77.
Александар Костовски беше најефикасен на натрепварот со 21 поен. Јован Марковски со 17 поени беше најдобар во редовите на Работнички.
Третиот натпревар од оваа серија ќе се одигра на трети мај.