Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово успејаа да го совладаат тимот на Работнички и се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија.
Работнички покажа дека неслучајно го совлада МЗТ Скопје во последното коло, и вистински го намачи Куманово во овој натпревар. Разиграните Чековски и Тасевски потсетија на младите денови и зададоа вистински проблеми за кумановчани држејки го наптреварот неизвесен до последните минути. Костовски ја предзеде иницијативана во последниот период и со серија од 10-0 успеја да направи разлика која остана недостижна за тимот на Работнички.
Жарко Ракочевиќ со 25 поени и 9 скока го одржуваше Куманово во игра, а отпорот го скрши плејмејкерот Костовски кој натпреварот го заврши со 24 поени.
За Работнички, Чековски постигна 28 поени и 14 скока, а Диме Тасовски постигна 24 поени и 5 скока.
Утре Куманово во 18:30 игра против Карпош Сокоил во полуфиналето од Купот. Подоцна од 21 часот, МЗТ Скопје ќе игра против домаќинот Кожув.