Куманово на гости кај Фени
16.02.2013 11:57
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово вечерва во Кавадарци ќе се сретнат против екипата на Фени индустри. Натпреварот ќе започне во 19 часот со пренос на Пет плус.

Ова е втор натпревар во пролетниот дел на сезоната. Фени започна со победа против нивниот Работнички и нивниот довчерашен тренер Емил Рајковиќ. Куманово го доживе првиот пораз оваа сезона на домашен терен од големиот ривал Лирија.
Во првиот натпревар Куманово беше поуспешно од Фени со резултат 76-71.