Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово ја надохнадија негативата од 4 поени, и забележаа победа против тимот на Пеќ со резултат 86-80.
Стефан Живановиќ беше јунак на овој натпревар кој погоди во самиот финиш со што Куманово отиде на посакуваната предност од шест поени. Весели не успеја да погоди во последниот напад и Куманово стана вториот финалист, одкако предходно тимот на Берое забележа пласман во големото финале.
Марјан Јаневски забележа 21 поен и 6 скока, додека Јоел Браун го заврши натпреварот со 20 поени и 3 асистенции.
Кај гостите Слободан Миљаниќ постигна 21 поен.
Следниот натпревар Куманово го игра против Фени Индустри на гостински терен во рамките на домашното првенство.
Фото: www.balkanleague.net