Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа против актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром со резултат 80-70.
Во пеколната атмосфера екипата на Куманово успеја да го исконтролира натпреварот на почетокот, а подоцна да ја зголеми разликата која во еден момент изнесуваше 20 поени разлика. Белег на овој натпревар беше и односот на публиката кон поранешниот кошаркар на Куманово, Урош Луковиќ.
Александар Костовски со 20 поени и Марко Симоновски со 18 поени се најефикасните поединци во тимот на Куманово. За МЗТ Скопје, Марко Љубичиќ постигна 24 поени.
Карпош Соколи извојуваа победа против Фени Индустри, со што тимот на Кавадарци дефинитивно го завршува првиот дел од сезоната на четвртата позиција. Во следниот наптревар Соколи гостуваат на МЗТ Скопје а Куманово игра против Бест, па кумановчани имаат реални шанси за втората позиција и предност на домашен терен во полуфиналето.