Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа на гостувањето во Струмица со резултат 70-80.
Екипата на Куманово предводена од Бојан Трајковски кој постигна 19 поени не дозволи изненадување и продолжува да се бори за второто место на табелата. Струмичани во третиот период беа на два поена негатива, меѓутоа освен почетното водство, не успејаа повторно да поведат на овој натпревар. Куманово во следнот период ја подигна разликата на 15 поени со што беше јасно кој ќе ги освои двата бода на овој натпревар. Томчо Соколов постигна 16 поени во тимот на Струмица.
На табелата нема промени и по оваа коло. МЗТ Скопје дефинитивно ќе ја заврши сезоната како првопласирана екипа. Карпош Соколи се втори додека Фени Индустри и Куманово ја делат третата позиција со ист број на бодови.
Наредното коло се игра во сабота кога Куманово го пречекува Кожув. Во останатите натпревари МЗТ Скопје ќе игра против Фени Индустри, Работнички ги пречекува Карпош Соколи а Бест ќе ја бара првата победа против тимот на Струмица.