Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во натпреварот против Работнички и се пласираа во полуфиналето од Плеј-оф ќе играат против Карпош Соколи.
Работнички беше рамноправен противник во првото полувреме, а по паузата Куманово направи разлика од максимални 22 поени. Работнички сезоната ја заврши со одлична последна четвртина која ја доби со 15:30, меѓутоа тоа не беше доволно за победа на овој натпревар кој заврши со резултат 100:94.
Бојан Трајковски со 24 поени беше најефикасен во тимот на Куманово. Ѓорѓи Чековски постигна 29 поени за Работнички.
Со оваа победа Куманово се пласираше полуфиналето од домашното првенство каде што ќе ги одмери силите со Карпош Соколи.