Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во првиот „домашен“ натпревар против тимот на Кожув со резултат 84-76.
Љубителите на кошарката проследија неизвесен натпревар кој беше решен во последната четвртина. Данило Мијатовиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 20 поени, а Стефан Живановиќ постигна 19 поени.
За тимот на Кожув Миливоје Мијовиќ постигна 20 поени.
Доколку започне првенството овој викенд, Куманово би требало да игра против Работнички на гостински терен. Во спротивно, следниот натпревар на Куманово е против тимот на Берое од Бугарија за 7 дена во Спортската сала.