×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово против Фени се искачи на четвртата позиција

    25.04.2013 11:08 | KumanovoNews

    Вчера вечер беше одиграно 6 то коло од Македонската кошаркарска лига при што екипата на Куманово беше домаќин на Фени индустри од Кавадарци. Фени индустри предводен од новиот тренер Љупчо Малинков забележаа пораз од Куманово со резултат 91-86.

    Куманово против Фени се искачи на четвртата позиција

    После завршувањето на БИБЛ Фајнл-фор турнирот каде Куманово заврши како четвртопласиран, на кумановчани им останува да се борат за подобар пласман и место за Плеј-оф натпреварувањето во домашното првенство.

    И покрај проблемите и резултатската криза, се чини дека Куманово се враќа во победнички ритам. Домашните кошаркари речиси во текот на целиот меч имаа водство, кое во еден момент изнесуваше максимални 20 поени разлика. Фени индустри на овој меч не настапи со повредените репрезентативци Симоновски и Сколов, но имаа сили да се вратат во натпреварот и на 2 минути пред крајот на мечот да се приближат на 5 негатива. Погодените слободни фрлаља и тројката на Георгиевски го вратија Куманово на двоцифрена предност.

    Најефикасни поединци на натпреварот беа Александар Костовски со 29 поени, а Урош Луковиќ постигна 16 поени и придодаде 19 скока.

    Кај Фени најдобри беа Бојан Трајковски и Кори Патрик Мекинтош со по 15 постигнати поени.

    Она што може да се издвои од вчерашниот меч е и отсуството на навивачката група „Кумани“ кои и понатаму продолжуваат со бојкотот кон управата на тимот.

    Големо изненадување во ова 6 то коло приреди тимот на Кожув совладувајки го МЗТ Скопје во продолжение со 83-80, додека пак Работнички немаше проблеми во дуелот со Лирија издвојувајки победа со 89-81. На табелата и понатаму лидер на врвот останува МЗТ Скопје со 11 поени, Работнички со 10, Кожув 10, Фени индустри 8, Куманово 8 и последно пласираната Лирија со 7 поени.

    Во следното 7. коло кое е на програма во сабота 27 април тимот на Куманово гостува кај лидерот МЗТ Скопје.

    Б.Г.