Куманово против Металург за првата позиција на табелата
03.11.2016 09:07
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово денеска ја пречекуваат екипата на Металург, натпревар кој ќе решава за првата позиција на табелта.

ЖРК во досегашниот дел од првенството има скор од пет победи и само еден пораз. Металург пристигнува непоразен во Куманово, па доколку кумановчанки пружат добра партија, имаат шанси да го завземат и првото место на табелата.
Натпреварот ќе се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19:30.