Куманово против Сванс Гмунден ги започнува квалификациите за Фиба Европа Куп (стрим)

28.09.2021 15:28 | Стефан Николиќ

Кошаркарите на Куманово денеска во 19:30 го играат првиот натпревар од квалификациониот турнир од група А, против австрискиот Сванс Гмунден.

Куманово против Сванс Гмунден ги започнува квалификациите за Фиба Европа Куп (стрим) Фото: BC Kumanovo / КК Куманово

Тимот од Австрија е актуелен освојувач на домашното првенство, а вкупно има освоено пет титули. Куманово со победа на овој натпревар ќе се пласира во следната рунда каде што ќе играат против Донар Гронинген од Холандија. Доколку победат и на тој натпревар визата ќе треба да ја запечатат со победа против победникот од дуелот Бенфика од Португалија и Волунтари од Романија.

Од минатата сезона тимот е изменет со тоа што поголемиот дел од нивните кошаркари кои беа носители не се веќе дел од оваа екипа. Иако има измени во играчкиот кадар на нашиот противник не значи дека ние треба да ја отпишеме оваа екипа. Нашата шанса на овој меч ја гледам во нашата одбрана и брзата транзиција од одбраната во фазата од нападот. Само треба внимателно и сериозно да влеземе во мечот, резултатот ќе дојде сам по себе. - изјави тренерот Игор Ѓорѓиевски за фејсбук страната на КК Куманово. 

Турнирот се игра во Гронинген, Холандија. Натпреварот можете да го погледнете во живо на следниот линк.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk