×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово прв пат по 10 години го пропушта Купот на Македонија

    18.02.2022 09:50 | Стефан Николиќ

    Денеска започнува кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ кој ќе се игра во салата Кале во Скопје, а екипата на Куманово не се најде меѓу најдобрите осум екипи до 11.коло и не обезбеди учество на оваа натпреварување, што е прво одсуство на Куманово по неговото враќање во Прва лига во сезоната 2010/2011. 

    Куманово прв пат по 10 години го пропушта Купот на Македонија

    Таа сезона, Куманово учеството го обезбеди преку квалификации, а загуби од Фени индустри во четвртфиналето кој подоцна го освои домашното првенство. Интересно е што тој состав предводен од Горан Димитријевиќ беше составен од кумановците Игор Ѓорѓиевски, Бојан Златковски, Мартин Атанасовски, Даниел Милановски, Кристијан Маневиќ, Филип Тодоровиќ, Мартин Антевски, Милош Нинковиќ и Далибор Димковски. Тимот беше засилен со Даниел Калов и Дарко Станимировиќ како домашни играчи, и Дејан Микиќ, Дарко Матиќ, Ратко Петриќ и Ивица Вукотиќ како странци.

    Најголем успех на Куманово во Купот е 2013 година кога тимот стигнува до финале, но истото го губи од МЗТ Скопје со резултат 79-71. Таа екипа беше предводена од тандемот Костовски - Луковиќ а покрај нив во составот беа Ентони Инграм, Марјан Јаневски и Ивица Димчевски. Тренер беше Љубисав Луковиќ.

    Покрај овие два најзначајни турнири во Купот, во останатите настапи, Куманово заврши 5 пати како четвртфиналист и 3 пати како полуфиналист.

    Во овогодинешното издание на Купот, денеска во 12 часот играат Пелистер-ТФТ, од 14:30 МЗТ Скопје-Гостивар, од 17 часот Работнички-Феникс а од 19:30 се среќаваат Еуро Никел-Академија ФМП.
    Победникот од првиот и послениот натпревар денеска играат полуфинале утре од 17 часот додека второто полуфинале е закажано за 19:30.
    Финалниот натпревар се игра во недела од 19:30.

    Непоразениот Пелистер е прв фаворит за освојување на титулата, која ја брани МЗТ Скопје. 

    Завршницата од Купот на Македонија ќе се игра во СРЦ Кале. Поради актуелните здравствени прописи кои важат во нашата земја, капацитетот на салата е ограничен на 50%. По пополнување на предвидениот капацитет, салата ќе биде затворена.