Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово со победа против Струмица го завршија првиолигашкиот дел од сезоната и се пласираа во Суперлигата.
Резултатски Куманово ги доби првите две четвртини со резултат 17-24 и 11-17, па по паузата од полувреме се очекуваше рутински да го доигра натпреварот. Струмица се разбуди во третиот период и успеја и да поведе минимално на крајот на третата четвртина.
Потоа следуваше реакција на Куманово кој ги врати работите на свое место и извојуваше победа со резултат 62-79.
Данило Мијатовиќ со 26 поени беше најефикасен поединец на мечот. За Струмица Петар Јокиќ постигна 20 поени.
Куманово, Фени Индустри, Работнички и Кожув се екипите кои се пласираа во Суперлигата, каде што ќе им се приклучат АБА лигашите МЗТ Скопје и Карпош Соколи.
Струмица, Охрид, Пелистер и Вардар ќе играат Плеј-аут и ќе се борат за опстанок.