Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово не дозволи изненадување на вчерашниот натпревари и триумфираше со резутлат 98-67.
Кумановчани уште на почетокот на натпреварот влегоа во висок ритам и не дозволија противникот ни да помисли дека може да забележи позитивен резултат во Спортската сала. Куманово водеше во текот на целиот натпревар, предноста беше двоцифрена уште во првата четвртина. Во второто полувреме Куманово стигна до 20 поени предност а до крајот на мечот и максимални 40 поени разлика со што целосно ја декласираа екипата на Градски парк.
Бојан Трајковски со 26 поени и 13 скока беше најефикасен против својот поранешен тим. За тимот на Работнички, Ѓорѓи Чековски постигна 18 поени и 11 скока.
Куманово следниот натпревар го игра против екипата на Фени.