Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа битна победа во домашното првенство одкако беа подобри од тимот на Блокотехна со резултат 92-79.
Втората четвртина беше клучна на натпреварот каде што Куманово постигна 30 поени а прими само 12, а бо третиот период следуваше повторно висока ефикастност на домаќинот кој постигна 29 поени.
Како по правило во четвртата четвртина следуваше пад на играта, но сепак стекнатата предност беше доволна Куманово да ја забележи шесттата победа во домашното првенсто, и тоа против тимот што се наоѓа веднаш зад непоразениот Работнички.
Димитар Караџовски постигна 28 поени и 8 асистенции, а Никола Караколев го заврши натпреварот со 23 поени.
Кај гостите Антон Казарновски постигна 28 поени.
Куманово следниот натпревар го игра против тимот на Гостивар.