Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа пораз на гостувањето во Гостивар, одкако испуштија предност од 11 поени и загубија со резултат 81-78.
Кумановчани имаа солидно отворање на мечот и предност од 4 поени во првото полувреме. Гостивар во вториот период ја стопи разликата, направи двоцифрена предност но до крајот Куманово смали на 6 поени разлика. Треиот период повторно му припадна на Куманово кој од осум поени негатива дојде до плус 3, а во продолжението од мечот стигна и до 11 поени предност.
После минутата одмор на Марјан Србиновски, Куманово не успеа да го приведе натпреварот во мирна завршница, па Гостивар целосно се врати во мечот и на крај победи со три поени предност. Конечен резултат на мечот беше 81-79.
Александар Костовски беше најефикасен на мечот со постигнати 22 поени. За Куманово Филип Думиќ постигна 18 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на АВ Охрид.