Куманово за малку остана без Куп трофеј
31.03.2013 21:36
| KumanovoNews
Куманово вечерва не успеа да го освои кошаркарскиот Куп на Македонија.
Во финалниот натпревар против екипата на МЗТ Скопје, кумановци, изгубија со резултат 79-71. И покрај поразот, кошаркарите на Куманово постигнаа историски успех со учеството во финалниот меч. Ги заслужија сите честитки поради одличната игра и пожртвованоста да дојдат до посакуваната победа. На крајот пресуди квалитетот и искуството што беше на страната на „металците“.
Најефикасен играч на натпреварот со 22 поени беше Урош Луковиќ, а за наградата за најкорисен играч (МВП) на турнирот ја поделија Александар Костоски од Куманово и Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје.
(фото Екипа)

