Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово не успејаа да ја сочуваат предноста од 9 поени и загубија од Фени Индустри со резултат 86-83.
Тимот на Фени го имаше почетното водство но Куманово првата четвртина ја заврши со предност од три поени. По влегувањето во вториот дел, Фени го превзема водството кое изнесуваше максимални 12 поени пред паузата од полувреме.
Кумановчани почнаа да се будат во третата четвртина и постепено го топеа резултатот а пресвртот следуваше во средината на последниот период кога Куманово водеше со 9 поени. Сепак домаќинот успеја целосно да се врати во овој меч и со серија од 12-2 забележа победа со резултат 86-83 и се изедначи на третата позиција на табелата.
Јане Петровски постигна 21 поен во победата на Фени Индустри а Кирил Николовски и Миладин Пековиќ придодадоа 19 поени. За Куманово, Бојан Трајковски и Александар Костовски постигнаа 18 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра на домашен терен против тимот на Карпош Соколи.