Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Работнички ја забележа првата победа против Куманово оваа сезона, одкако на гостински терен триумфираше со резултат 82-85.
Тимот од Градски Парк имаше одличен старт и успеја да ја држи резултатската неизвесност до пред крајот на првото полувреме во кое Куманово отиде со осум поени предност. После неколкуте грешки на Работнички, се чинеше дека Куманово ќе воспостави резултатска рамнотежа и ќе го одведе натпреварот во мирна завршница. Сепак во последниот период, Работнички постигна 27 поени, наспроти 16 на Куманово кои му ја донесоа првата победа од петте меѓусебни натпревари кои ги одиграа оваа сезона.
Ѓорѓи Чековски постигна 21 поен и 11 скока во победата на Работнички, а тимот од Градски парк уште ги имаше разиграните Димитар Мираковски со 18 поени, Ненад Станков со 15 поени, Виктор Ефремовски со 14 поени и Диме Тасовски со 12 поени. За Куманово Бојан Трајковски постигна 33 поени а Вукашин Мандиќ го заврши натпреварот со 11 поена.
Серијата е изедначена на 1-1, а следниот натпревар се игра во петок во Скопје.