Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија во првиот полуфинален натпревар од тимот на Карпош Соколи со резутлат 97:91.
По неизвесното прво полувреме, тимот Соколи имаше одлично отварање на вториот период и успеја да направи разлика од 14 поени. Болтиќ и Шепа го полнеа кошот на кумановци, кои се разбудија кон крајот на третиот период. Тројките на Караџовски, Јаневски и Симоновски го вратија Куманово во игра, меѓутоа забивањето на Болтиќ по промашениот обид на Шепа го упали алрмот на Куманово. Костовски со брзи четири поена ја врати неизвесноста на мечот, и тренерот Матиќ мораше да бара тајм-аут.
Филип Шепа постигна 24 поени а Марко Болтиќ го заврши натпреварот со 22 поени и 9 скока. За Куманово Бојан Трајковски постигна 20 поени.
Следниот натпревар се игра во недела во Спортската сала, каде што Соколи имаат предност од 1-0.