Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Кавадарци по продолженија со резултат 93:91.
Куманово го заврши првото полувреме со водство од 43:33. Во продолжението од мечот, Куманово имаше водство а на три минути до крајот на натпреварот резултатот на семафорот беше 60-71 во корист на кумановчани.
Сепак тројката на Симоновски го најави пресвртот, а потоа следнуваа неколку контри и уште еден прецизен шут за три поени на Горан Самарџиев.
Луковиќ го одведе наптреварот во продолженија, а Александар Костовски не го искористи последниот напад кој носеше победа за Куманово.
Со 28 поени и 17 скока најдобар поединец беше Бојан Трајковски а од другата страна Александар Костовски беше најпрецизен со 31 поен.