Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го загубија првиот меч оваа година на домашен терен. Големиот ривал Лирија беше поуспешен од Кумановчани со резултат 78-79.
Во овој тесен и неизвестен меч, тимот на Куманово прв имаше водство од десетина поени разлика, кое беше неутрализирано до крајот на првото полувреме. Во третиот преиод, Лирија беше екипата со подобар старт, за да на крајот натпреварот влезе во неизвесна завршница.
Сепак на крајот Лирија беше таа која ја забележа првата победа во Куманово оваа сезона.
Најефикасни поединци во Лирија беа Балша Радуновиќ со 19 поени, а кај домаќинот Урош Луковиќ постигна 20 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против екипата на Фени Индустри.