×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските џиу-џицу борци имаа одличен настап во Ниш

    06.03.2018 12:09 | KumanovoNews

    Mинатиот викенд се одржа меѓународен турнир во Ниш, каде што кумановскиот клуб „Д'Стронгест енд Рутс“, имаше одличен настап, и се врати со златен, сребрен и бронзен медал.

    Кумановските џиу-џицу борци имаа одличен настап во Ниш

    Во Ниш отпатуваа четири натпреварувачи, меѓу кои Марио Станојковиќ освои сребро во категорија над 100 килограми, додека Никола Петрушевски се закити со бронзен медал во категорија до 82 килограми, и златен медал во апсолутна категорија во бели појаси.

    „Задоволни сме од настапот на отвореното првенство во Ниш, каде што имаше натпреварувачи од повеќе земји. Овој турнир е уште еден показател дека имаме одлични борци, и дека без разлика на кое ниво се натпреваруваме, речиси секогаш се враќаме со награди и медали“,- изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот.

    Тој додаде дека нивниот следен клубски настан е семинарот кој веќе редовно се организира во Куманово, а ќе се одржи овој викенд.

    „Во недела со почеток во 11 часот во нашите простории ќе се одржи семинар за бразилска џиу-џица. Главен инструктор ќе бидне Ивица Алексовски, претседателот на македонската федерација за бразилска џиу-џица. Семинарот е отворен за сите кои сакаат да се запознаат со оваа вештина - додаде Стефановски.