Кумановските каратисти се закитија со 5 медали
16.05.2013 11:28
| KumanovoNews
Изминатиот викенд во Скопје се одржа карате турнирот Солидарност опен каде што учество земаа натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Карате клубот УНСУ од населба Карпош настапи на турнирот со 8 натпреварувачи, и успеја да освои 5 медали од кои 2 златни и 3 бронзени медала.
На турнирот учествуваа околу 250 натпреварувачи.