Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одбојкарките на СВСК Куманово успејаа после Купот да го освојат и домашното првенство и да направат неверојатен успех оваа сезона.
Повеќе од очигледно е дека кумановчанки најдоа рецепт како против Јанта Волеј, победувајки ги најпрвин во Купот на Македонија а потоа и во Плеј-оф серијата каде што успејаа во неверојатни натпревари да забелжат победа против големиот ривал.
Сити Волеј Славков Куманово и на овој натпревар забележа победа со 3:2 во сетови и стана првиот шампион во екипен спорт од Куманово.
Јанта Волеј успеја да извојува победа само во првиот натпревар, по што следуваше серија на СВС Куманово со две победи на домашен терен, а шампионскиот карактер на оваа екипа се потврди на вчерашното гостување кога на гостински терен го потврдија својот квалитет и заслужено ја слават шампионската титула.