Кумановските ракометари на гостински терен против екипата на „Текстилец“
17.10.2019 13:50
| KumanovoNews
Кумановските ракометари на гостински терен во Штип во 20 часот, во рамките на Првата машка лига, денес ќе играат против екипата на РК „Текстилец“.

РК „Текстилец“, од вкупно четири одиграни натпревари до сега нема забележано победа, што може да биде дополнителна мотивација за нашите ракометари да се обидат да не бидат првите победени.
Сепак, нашите ракометари забележуваат видно подобрување во играта за разлика од лани, а против екипата на Алушевски успеаја да победат и со разлика од 13 гола.
Следниот натпревар МРК Куманово ќе го игра на 20. октомври, против екипата на РК Македонија ГП.