500x100-1
20. 12. 2019 14:33

Кумановските ракометари поразени од екипата на Алушовски

Кумановските ракометари поразени од екипата на Алушовски

Ракометарите на Куманово иако очечуваа победа во натпреварот на гостински терен против екипата на Алушовски, сепак завршија со пораз. Натпреварот заврши со резултат 29:24.

На почетокот Куманово имаше добра игра, но сепак на крајот од првите 30 минути, резултатот беше во полза на Алушовски со 11:8. Додека, пак, во второто полувреме домаќините водеа со разлика од седум гола со 24:17 и на крајот со убедливо подобра игра завршија со победа.

Постигнати голови на Куманово: Денковски 8,  Цветковски 5, Миладиновски 3,  Спасиќ 2, Димитров 2,  Ацевски 2, Клековски 1, Стојмановски 1.

Наредниот натпревар РК Куманово ќе го игра во недела со почеток во 18 часот, со екипата на РК Македонија ЃП.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk