Лазаров во финалето на „Кралскиот куп“
Екипата на Атлетико Мадрид за која настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров, синоќа во Логроњо во полуфиналето на „Кралскиот куп“ ја совлада Барселона со 31:28.

На полувреме Атлетико водеше со шест голови разлика (14:8).
На дуелот кој беше прогласен за „финалето пред финалето“ Атлетико Мадрид имаше резултатска предност во текот на сите 60 минути, а во неколку наврати водеше и со шест голови разлика. Барселона во второто полувреме успеа резултатски да се доближи, но Лазаров и соиграчите ја одбранија предноста од првиот дел.
Кирил Лазаров беше стрелец на шест голови, исто колку што во неговата екипа постигнаа Жоан Кањелас и Жулиен Агинагалде.
Во финалето вечерва Атлетико за противник го има домаќинот на завршниот турнир екипата на Ла Роха, која во втрото полуфинале славеше против Пуерто Сагундо со 31:25.