Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот играч од регуларниот дел на сезоната Леброн Џејмс успеа со звукот на сирената да постигне кош и на својата екипа Мајами да и донесе победа од 103:102 по продолжение.
Со овој триумф остварен ноќеска Мајами поведе со 1:0 во финалето на Источната конференција. Во регуларниот дел Индијана со тројка на Пол Џорџ изедначи на 92:92 и се избори за продолжение. Најдобар на теренот беше Леброн Џејмс со „трипл дабл“ – 30 поени и по 10 скокови и асистенции.
Во редовите на победникот дури пет играчи имаа двоцифрен број поени, а кај Индијана најефикасен беше Џорџ со 27 поени. Следниот натпревар се игра во петок навечер на теренот на Мајами.