Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Мајами ја победија Индијана со 90-79 и поведоа со 3-2 во финалната серија на Источната конференција во НБА лигата.
Мечот на Флорида беше одлучен во третиот период кој му припадна со 30-13 на Мајами, кога Леброн Џејсм постигна 16 од своите 30 поени. Јунакот на победата покрај тие 30 поени, имаше и осум скока и шест асистенции.
Поради тоа и дојдов тука, да се борам за титулата секоја година. На чекор сме од нова шанса за тоа. Тоа не беше ветено, донесов тешка одлука кога доаѓав, сите ја знаеме таа приказна. Сега како тим имаме шанса трета година по ред играме во финалето – истакна Џејмс.
Индијана водеше со 46-40 на почетокот од второто полувреме, за да во следните 11 минути Хит направи серија од 30-10, а Џејмс учествуваше, што со кошеви, што со асистенции, во 25 поени на својот тим.
МВП-то на лигата го следеа Удонис Хезлем со 16 поени, Марио Чалмерс со 12 поени и шест асистенции, додека Двејн Вејд уфрли само десет поени со шест скока.
Најдобар во редовите на Индијана беше Пол Џорџ со 27 поени, 11 скока и пет асистенции, додека 22 поени и шест скока имаше Рој Хиберт.