×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија нема што да загуби во Белгија

    26.03.2013 09:36 | KumanovoNews

    Вечерва во Брисел, Македонија ќе има уште една пресметка против Белгија која поради предноста на домашен терен овој пат е уште поголем фаворит.

    Македонија нема што да загуби во Белгија

    Но, Македонија во минатото покажала дека може да изненади кога најмалку се очекува, да оствари позитивен резултат на терените на најдобрите репрезентации, па иако мисијата е тешка, надежта за успех постои.

    Македонија немаше пријатен пречек во Белгија, на нашата репрезентација не и беше дозволено да тренира на теренот на кој денеска ќе се одигра натпреварот, нешто што е правило, но тоа дополнително го мотивира нашиот состав.

    Чеде Јаневски ќе направи измени на повеќе позиции, па речиси половина тим од оној кој настапи на Арената Филип Втори, нема да биде во стартниот тим.

    Промени ќе има на бековските позиции, на десната страна се враќа Георгиевски на местото од Тодоровски, а лево би требало да игра Стефан Ристовски место Александар Лазевски кој не одигра на потребното ниво на првиот натпревар. Во средниот дел ќе добијат шанса Глигоров и Тасевски, а нападот ќе го предводи Мирко Ивановски.

    Не се сомневаме дека македонските фудбалери и овој пат ќе дадат се од себе, доколку не' посака и спортската среќа, можеме да го изненадиме големиот противник. На хартија Белгија е сигурен фаворит, но секогаш натпреварите не завршуваат во полза на посилниот.

    Натпреварот се игра на стадионот Карл Бодуен во Брисел со почеток во 20:45, Македонската Телевизија ќе врши директен пренос.