Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската ракометна репрезентација ја совлада Швајцарија со 27:22 и ги задржа шансите за освојување на второто место во првата квалификациска група за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Данска.
Нашите ракометари одиграа одличен меч во кој на противникот не му дадоа надеж дека може да направи изненадување. Освен водството на домаќинот од 3:2 на почетокот од натпреварот, избраниците на селекторот Ивица Обрван беа постојано во предност, а најголемата разлика изнесуваше пет погодоци.
Во еден момент во финишот Швајцарија успеа да се доближи на три гола, но тоа беше се успеаа да сторат домаќините и на крајот Македонија заслужено стигна да победа.
Игравме одлично во одбраната, разликата можеше да биде уште поубедлива доколку нашите ракометари не правеа технички грешки во нападот. Но, сепак ова е голема победа, кој ни дава надеж дека в недела во Скопје ќе го славиме пласманот на Европското првенство во Данска.
За тоа потребно е вечерва Португалија на домашен терен да загуби од Шпанија, а ние в недела во арената Борис Трајковски да забележавме победа против Португалците.
Најефикасен во нашиот тим со девет гола беше Наумче Мојсоски, Кире Лазаров постигна шест додека Стојанче Стоилов три пати се запиша во листата на стрелците.
За одбележување е и извонредната атмосфера во салата во Цирих, каде околу 1500 наши иселеници направија фантастична атмосфера и македонските ракометари се чувствуваа како да играат на домашен терен.