Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синоќа во Крагуевац македонската женска ракометна репрезентација ја победи репрезентацијата на Србија.
Македонската ракометна репрезентација оствари победа со 27:25 (14:12).
Во рамките на неделата на ЕХФ женските селекции играат пријателски натпревари, кои се подготовка за бараж натпреварите за Светското првенство кои се на програмата во јуни.
Македонија ќе игра против Шпанија, а Србија е домаќин на Светското првенство.
Вториот натпревар меѓу Србија и Македонија ќе се одигра утре со почеток во 14 часот исто така во Крагуевац.