Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот селектор на Македонија, Марјан Србиновски е нов тренер на Куманово. Тој доаѓа на местото на Страшо Тодоровиќ.
Извори од клубот ја потврдија информацијата за смена на тренерското место. Како причина се наведуваат слабиот настап во Купот на Македонија, а неофицијално се зборува дека поздината е друга. Имено се работи за ултиматум од Тодоровиќ, кој побарал од управата да го одстрани Вукашин Мандиќ од тимот.
Сепак очигледно е дека Мандиќ има огромна подршка од спонзорите раководството на тимот на Куманово, па по Игор Михајловски и Љубисав Луковиќ, не успеја на клупата да остане ни Страшо Тодоровиќ.
Србиновски до сега ги водеше тимовите на Торус, Работнички, Кожув а последниот ангажман му беше на клупата на Македонската кошаркарска репрезентација.
Тој ќе дебитира на натпреварот против Струмица во сабота во Спортската сала.
Фото(fiba.com)