Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Атлетичарката Матија Ефремовска го подобри државниот рекорд во фрлање диск. На последното натпреварување во Скопје, Ефремовска постигна резултат од 40 метри и 53 сантиметри што е и нејзин личен рекорд.
Оваа сезона на секој натпревар правев нов личен резултат и три пати го подобрив државниот рекорд во фрлање на диск. Последен пат на натпреварот во Скопје стапив вон конкуренција.Оваа сезона немам пораз во Македонија во оваа дисциплина и освоив две медали на меѓународни натпревари во фрлање диск,- вели Ефремовска, атлетичар во Атлетски клуб „Куманово“.
Матеја вели дека нема да застане тука, туку очекува уште подобри резултати во наредниот период.