×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мекиќ, Пенов и Тодоровиќ потпишаа за Куманово, Ѓекиќ и Ковач останувааат во клубот

    10.08.2018 12:07 | KumanovoNews

    Адем Мекиќ, Игор Пенов и Миодраг Тодоровиќ, денеска потпишаа договор со кошаркарскиот клуб Куманово, со што Куманово официјално започна со креирање на ростерот за новата сезона.

    Мекиќ, Пенов и Тодоровиќ потпишаа за Куманово, Ѓекиќ и Ковач останувааат во клубот

     Во спортската сала, на прес конференцијата се обрати новиот претседател на клубот, Александар Крстевски - Крсто, тренерот Александар Петровиќ и тројцата кошаркари.

    Денеска сме тука да ги претставиме новите кошаркари на тимот, Мекиќ, Пенов и Тодоровиќ а Бане Ѓекиќ и Мирко Ковач ќе останат во тимот и следната сезона, со што имаме добар костур на тимот кој ќе го надополниме со млади домашни кошаркари. Приоритет на новата управа е реновирање на Спортската сала како и зајакнување на младинските категории. За таа цел ќе биде вклучен и интернатот во Куманово со што ќе имаме можност за доведување на млади таленти од регионот - изјави Крстевски.

    Куманово оваа година ќе пријави екипи во сите младински категории(М12, М14, М16, М18, М20) и екипа во Втората кошаркарска лига. Натпреварите ќе се играат во салата на Економското училиште. Крстевски го повика бизнис секторот доколку сака да биде дел од тимот, слободно да им се обратат и тие да им ги објаснат нивните поволности со законот за спорт и улогата која би ја имале во тимот.

    Тренерот на тимот Александар Петровиќ истакна дека му е драго што ги потпишува овие кошаркари и дека со нетрпение го очекува стартот на новата сезона.

    Името на кошаркарскиот клуб Куманово обврзува да се оствари добар резултат, а оваа сезона тоа ќе биде влез во Суперлига. Ростерот на играчи е драстично променет во однос на лани, а со тоа ќе се смени и филозофијата. Оваа сезона повеќе шанса ќе добијат младите играчи, имаме неколку пика на играчи од младинските репрезентации кои сакаме да ги доведеме. Имаме контакт со уште неколку имиња кои треба да се додоговорат. Куманово мора да оди на секој натпревар на победа, но да не се разбереме погрешно, ние не правиме тим за опстанок во лигата. Ова ќе биде ново Куманово со нова енергија во сите полиња од управата преку играчите до сите во клубот. - изјави Александар Петровиќ тренер на Куманово.

    Тој додаде дека тимот ќе одигра од 10 до 12 подготвителни натпревари, а ќе настапи и на турнир во Смедеревска Паланка. Од кумановските играчи остануваат Филип Стојановски, Ненад Стојановски и Ѓорѓи Ѓеоргиевски, а потенцира дека сите играчи ќе добијат еднаква шанса.

    Адем Мекиќ е втора сезона во тимот на Куманово. Тој минатата сезона бележеше 11 поени 3 скока и 2 асистенции за Куманово.

    Мислам дека сите игрчаи се борци и сакаат да дадат максимум. Куманово е жежок терен, сите го знаат тоа и задоволство е да се игра пред ваква публика. Мислам дека имаме одлични играчи и дека ќе имаме добра сезона, да влеземе во топ шест екипи па натаму секој со својата среќа - изјави Мекиќ.

    Игор Пенов е искусен домашен играч кој доаѓа од МЗТ Скопје, а во својата кариера настапувал за Карпош Соколи, АМАК СП од Охрид, Вардар Осигурување и Кожув.

    Благодарност до тернерот и управата кои ме повикаа во клубот. Тие ми го објаснија проектот и целиот концепт кој ми се допадна. Јас ја прифатив мојата улога во тимот, со Мекиќ имаме играно заедно, со тренерот Петровиќ соработувано во повеќе наврати, ќе дадеме максимум и мислам дека ќе ги надминеме очекувањата - изјави Пенов.

    По пауза од една сезона, Миодраг Тодоровиќ повторно се враќа во сино-белиот дрес.

    Благодарност до клубот и што ме прифатија повторно да бидам дел од овој тим. Овој град и оваа публика заслужуваат добар кошаркарски тим и се надевам дека ќе го оправдаме поверението кое ни е дадено. - изјави Тодоровиќ.

    Екипата ги започнува подготовките на 20 август, а до тогаш треба да пристигнат Ѓекиќ и Ковач во Куманово.