×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меморијален турнир во ракомет во чест на Љубомир Насковски - Мастика во Соколана

    24.05.2023 10:52 | Оливера Пешевска

    Прв меморијален турнир во ракомет во чест на Љубомир Насковски- Мастика ќе биде организиран утре во Соколанa. Натпреварот ќе започне во 19 часот меѓу екипите на помлади и стари ракометни ветерани од Куманово.

    Меморијален турнир во ракомет во чест на Љубомир Насковски - Мастика во Соколана

    Општина Куманово, го организира турнирот поради заслугите на Насковски за развојот на ракометот во Куманово.

    „ Турнирот ќе го организираме на 25 мај со една симболика на Светскиот ден на спортот. По тој повод ве покануваме да дојдете во Соколана во 19 часот да се дружиме и воедно да му одадеме почит на познатиот ракометар, кој за жал повеќе не е меѓу нас“, изјави Марјан Стошевски, член на Организациониот одбор.

    Љубе Мастика е роден во една од најпознатите, најпопуларните и највпечатливи маала во Куманово-Соколанската мала. По завршување на прва година во Гимназијата во Куманово Љубомир се сели во Струга, од каде е по потекло од страната на мајка му. Тогаш, започнува да игра ракомет во екипата на Струга. По враќањето во Куманово продолжува да игра во тимот на РК “Металец“ на терените на тогашниот Дом на ЈНА. По две години се враќа во своето мало каде настапува за ДТВ Партизан, како еден од најквалитетни ракометари. Имал убава,плодна и успешна кариера, која кратко траела.

    Одборот за организација на турнирот на прес конференцијата се заблагодари на сите кои им дадоа поддршка да го направат овој прв меморијален турнир подобро организиран и успешно спроведен. Благодарност упатија и до неговот потесно семејство и неговиот син Александар, кој активно се вклучил во целата организација на турнирот.