Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на македонскиот првак Металург попладнево во 16 часот го играат натпреварот од 9.коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Во Чехов, рускиот вицепрвак Санкт Петербург е една од последните две пречки за Металург до второто место.
За македонскиот шампион ова е последно гостување во групата, а со победа избраниците на тренерот Лино Червар ќе ги задржат шансите за втората позиција.
Во составот на Металург ќе ги нема голманот Петар Ангелов и Златко Мојсоски, додека на нивните места се Никола Митревски (голман) и новото засилување Игор Мандиќ, кој дојде од екипата на Борац Бања Лука.
Покрај овој натпревар во групата Ц во 9.коло играат: Киелце – Шамбери (денес) и Силкеборг – Горење (утре).