×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Металург подготвен за влез во историјата

    23.03.2013 15:11 | KumanovoNews

    Македонскиот ракометен шампион Металург, денеска ( 18.00 ч) во “Борис Трајковски” ќе го одигра реванш 1/8 финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Динамо (Минск).

    Металург подготвен за влез во историјата

    Овој натпревар е од големо значење за избраниците на тренерот Лино Черва,  за остварување на најголемиот успех во историјата на македонскиот клупски ракомет, пласманот во четвртфиналето

    “Металурзите” бранат предност од три голови од првиот натпревар (26:23), а во реваншот доволно им е и реми за пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

    Ова се елиминациски натпревари и ние во Минск го одигравме само првото полувреме. Јас не познавам екипа која губи три разлика на полувреме и која ќе смета дека натпреварот е загубен. Треба да останеме како тим, единствено од што стравувам е да не ја загубиме дисциплината-вели капитенот  Ванчо Димовски.

    Дека нема да биде лесно да се обезбеди пласманот во четвртфиналето потврди и хрватскиот стручњак на клупата на Металург, Лино Червар.

    Се уште не сме пласирани во четвртфиналето. Затоа е потребна тотална „мобилизација“. Ова е голем предизвик за македонскиот ракомет, за македонскиот спорт. Треба да бидеме мудри и трепеливи како во Минск. Клучот на победата е во одбраната-изјави Червар.

    Денеска се играат уште две 1/8 финални реванш средби: Веспрем - Адемар Леон ( прв натпревар 23:20), Флензбург - Горење (28:25), додека утре ќе се комплетираа оснинафиналната фаза со реванш натпреварите меѓу: Кил - Чрековски Медведи (35:37), Барселона - Силкеборг (32:26), Киелце - Пик Сегед (25:26) и Фуксе Берлин - Атлетико Мадрид (29:29).