Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Разликата во квалитет меѓу Металург и поголемиот дел од ривалите е огромна, па така актуелниот првак и со комбиниран состав го декласираше тимот на Куманово со 40-13.
Металурзите уште од самиот почеток на мечот јасно ставија до знаење дека нема да се опуштат, туку ќе настојуваат што поубедливо да го совладаат противникот. Така, веќе по првото полувреме резултатот гласеше убедливи 19-7 за домашниот состав, за во вториот дел доминацијата да продолжи и на крајот победата да биде изразена со огромни 27 голови разлика.
Крилниот ракометар Златко Мојсоски беше најпрецизен поединец на натпреварот со 11 постигнати погодоци, Левов беше стрелец на пет гола, додека Маркоски четири пати ја затресе мрежата на кумановци. Во таборот на гостите најпрецизни беа Димитроски со пет и Екиновиќ со четири постигнати гола.