Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб „Михајловски“ во недела во Спортската сала го пречекуваа Црн Дрим, еден од двата тима кои се наоѓаат на врвот на табелата.
Карпош Соколи 2000 е втората екипа која го дели првото место на табелата во Третата лига и тим кој доколку не загуби од Дино Баскет или Феникс 2010 со сигурност би бил првопласирана екипа на табелата.
Шансите на Михајловски да стигнат до втората позиција до крајот на четвртиот дел од првенството се теоретски и постојат. За тоа би им биле потребни сите победи до крајот на првенството, меѓу кои и „вториот“ лидер на табелата, Соколи. Меѓутоа во тој случај ќе имаат ист број бодови како и Црн Дрим, ќе чекаат победа на гостински терен на Карпош Соколи против Црн Дрим во последното коло а имаат полош меѓусебен скор со екипата од Струга.
Сепак не е спортски да им се одземат шансите на кумановскиот состав, а нивна задача е да дадат максимум до крајот на првенството.
Натпреварот се игра во недела со почеток во 16:30 во Спортската сала во Куманово.