„Михајловски“ несреќно загубија од Црн Дрим
28.03.2016 14:01
| KumanovoNews
Екипата на Михајловски вчера по продолженија загубија од тимот на Црн Дрим со резултат 61-64.

Кумановскиот состав немаше среќа во завршницата и одкако реши да го брани последниот напад од продолжението, Црн Дрим од неизградена позиција упати удар кој од таблата заврши во кошот на домаќинот. Конечен резултат на овој меч беше 61-64.
Следниот натпревар „Михајловски“ го играат против Дино Баскет на гостински терен.