21. 12. 2009 00:00

Милано рангиран помеѓу најлошите клубови во светот

Милано рангиран помеѓу најлошите клубови во светот

Го делат името со славниот италијански клуб, но тука престанува секоја сличност. Со една победа и 16 порази во моментов се рангирани помеѓу најслабите клубови во светот - пишува goal.com на својата страница.

Според goal.com, нашиот прволигаш Милано се најде на листата на најслабите фудбалски екипи во светот.

На првото место е Карпет Мастерс од Гуама, следуваат Хонг Лок (Макао), Пантракикос (Грција), ПДРМ (Малезија), Сан Џовани (Сан Марино), Дингли Сваловс (Малта), Балок (Пакистан).....

Поради лошата состојба во ФФМ, дискфалификација на повеќе клубови, постои можност Милано и покрај лошите резултати, следната сезона да го задржи прволигашкиот статус.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk